Friday, September 23, 2016

ЈоГа

                               
Јога(јуџ) (санскрит, Pāli: योग yóga) е именка која е составен од два збора, јо-га и значи спрегнување или соединување на Браман ((апсолут, космичка свест)со Атман (atman)-индивидуална трансцендентална свест. Даршана (darsana)преставуваат ортодоксни филозовски правци и ги има шест: мимамса, веданта, самкја, јога, нјаја и ваишешика. Филозовскиот дел во јогата е превземен од Самкја. Јогата била пренесувана од големите мудреци и Ришии (Свети учители) исклучиво по усмен пат, и не можел секој да ја изучува јогата. Во Ведите и Упанишадите се пишува за јогата, но методиката и поврзаноста за прв пат ја канонизира и опишува Патанџали (Patanjali) во афоризмите за јога или попознати како Аштанга Јога -осмочлена јога. Целите на јогата се различни и се движат од подобрување на здравјето до достигнување на Мокша (Moksha)-ослободување. Во рамките на хинду монист училишта на Адваита Веданта (Advaita Vedanta), шавизмот (Shaivism) и џаинизмот (Jainism), целта на јогата добива форма на Мокша, која е ослободување од сите световни страдања и циклусот на раѓање и смрт Самсара (Samsara), до точка на сфаќање на идентитетот со Врховниот Брахман (Supreme Brahman). Во Махабхаратата, целта на јогата е различно опишана, како влегување во светот на Брахма, како Брахман, или како спознавање на Брахман или Атман (Atman) кој продира низ сите нешта. 



Еве неколку пози за јога. Пробајте ги , можеби ке успеете да ги направите , можеби вие имате еластично тело.

                          
                                Јога пози за двајца.